ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА EУРОВИЗИФ
ВНИМАНИЕ! Ве молиме внимателно да ги прочитате правилата и условите, пред користење на веб страницата. Ако пристапувате на веб страницата, ќе сметаме дека се сoгласувате со општите правила. Ако НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ со условите, не пристапувајте на веб страницата.
Tековните услови важат за односите меѓу “Еуровизиф” и Он-лајн продавницата и сите под-домени на eurovizif.mk
Овие услови и правила се однесуваат на сите клиенти. Со кликнување на секој предмет, линк или копче на веб страницата на Еуровизиф. Купувачот се согласува, целосно ги прифаќа и е должен да ги следи тековните Општи услови.
“Еуровизиф” е компанија регистрирана со Законот за трговија на Република Македонија, со седиште во Скопје, на ул. 3та Македонска Бригада.
Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на Веб страницата се приложуваат “како што се”, и, исто така, го прифаќаат фактот дека Еуровизиф не превзема никаква одговорност за точноста, извршувањето и неможноста за давање на било какви информации во врска со направени нарачки од купувачите, мислење или оценки за производите од негови или други купувачи, информации за производи кои не се на промоција, како и предизвикани штети, пропуштени прилики и други загуби, кои се појавиле подоцна, како резултат на користење или по употреба на производот (или неможност за користење поради технички причини, или одлуки направени од страна на администраторот, и тн.) на Веб страницата. За да се користи Веб страницата, Купувачот мора да има пристап до Интернет, директно или преку друг уред кој има пристап до Интернет. Купувачот исто така, треба да ги има сите потребни уреди за да пристапи на Интернет, вклучувајќи компјутер, модем или друг производ кој обезбедува пристап до Интернет. Еуровизиф само обезбедува информации на Веб страницата и не превзема никаква одговорност за нарушувањата или техничките проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кои ја попречуваат употребата на Веб страницата.
Кога се користи Веб страница, Корисникот е обврзан да обезбеди точни, прецизни и целосни лични информации кога ќе го пополнува формуларот за регистрација (понатаму во текстот „Лични податоци“); Во случај кога Корисникот ќе приложи лажни, неточни или некомплетни податоци, Еуровизифго задржува правото да ги поништи и/или прекине информациите за неговата поштенска адреса и да го одбие неговиот пристап до дел или до сите услуги во иднина.
Според Законот за заштита на личните податоци, Корисникот го задржува правото да пристапи до сопствените Лични податоци, како и да изврши корекција и промена на податоците кои ги приложил и кои станале сопственост на Еуровизиф со самото користење на Веб страницата. Со прифаќање на тековните Услови, Корисниците кои веќе ги приложите своите податоци во формуларот за регистрација, се согласуваат Личните податоци да бидат обработени од Еуровизиф по веб распоред за испорака на производите и услугите, и кога е потребна помош од вработен од Еуровизиф. Сите доброволно споделени Лични податоци или други податоци од корисникот, кои го идентификуваат во процесот на користење на Веб страницата ќе бидат сочувани, обработени и користени од страна на Еуровизиф за целите за одржување на одредени функции на приложените услуги и рекламирање на производите и услугите понудени на комерцијалната мрежа на Еуровизиф. Еуровизиф експлицитно изјавува дека Личните податоци кои Корисниците ги приложиле нема да бидат давани на трети лица за рекламирање или промотивни цели. Еуровизиф го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентите во случај на спроведување на законот, законските постапки и одржување на тековните услови.
Еуровизиф им дозволува на корисниците да ги користат сите услуги на Веб страницата само за нивни лични потреби со некомерцијални цели, во случај кога тие не ги прекршуваат авторските права на Еуровизиф или трети лица директно или индиректно поврзани со материјалите и информациите објавени на Веб страницата. Промена на материјалите на Веб страницата е забрането, како и копирање, јавно прикажување и ширење, или приложување на материјалите во социјални или комерцијални цели. Користење на материјалите на оваа Интернет страница на други веб страници е забрането. Еуровизиф го задржува правото да им даде права за објавување на материјали, делови од информациите на Веб страницата на трети лица со дополнително склучување на договор во писмена форма кој ги уредува правата и обврските меѓу Еуровизиф и третата страна која ќе ја објави информацијата. При купување на производи кои се предмет на авторски права или патенти, Еуровизиф нема обврска да дава дополнителни права за користење и објавување, освен приложените права или лиценци од производителот/дистрибутерот на производот. Сите производи и услуги кои Еуровизиф ги нуди на своите корисници, се заштитени со законот за Авторски права и слични права во нивниот оригинален изглед и пакување без влијание на Еуровизиф, и според лиценците и правата за објавување од нивните производители/дистрибутер во Македонија. Линковите приложени на Веб страницата на Еуровизиф кои водат кон други веб страници кои се во сопственост на трети лица се објавени само за поголема помош на корисникот. Кога користитат вакви линкови, по користењето на овие линкови корисниците треба да имаат во предвид дека сегашните Услови и Правила повеќе нема да важат.Еуровизиф не ги контролира овие веб страници и не презема никаква одговорност за содржината на било кој од нив. На овој начин, Еуровизиф не се обврзува и не ги препорачува овие веб страници на корисниците, ниту информациите кои се објавени на нив. Посетата на овие веб страници и сите поврзани опасности се во целосна одговорност на корисникот.
Информациите за производите на Веб страницата се понудени во класи и подкласи; Веб страницата дава информации за цената, главните карактеристики и дополнителни информации на производот, со цел да се обезбеди најголем избор на информации по избор на купувачот. Еуровизиф не презема одговорност за неправилниот опис на артиклите, што не е поврзано со нивните главни карактеристики. Teхномаркет го задржува правото да објавува имиња, модели и други информации за производот на Англиски, кога: a) Постои ризик дека вредни информации ќе бидат изгубени со самиот превод. b) Не постои иста или слична терминологија на Македонски јазик. c) Производот самиот носи информација на Англиски, на пр., софтвер, музика, филмови на Англиски јазик. Сите цени на Веб страницата се во Македонски денар со вклучен данок. Во случај кога производот има неколку модификации, Веб страницата ќе ја прикаже цената на секоја од нив. Teхномаркет има право да прави промени на објавените информации за производот, услугите и цените во било кое време и без претходна најава. Некои од овие промени нема да бидат ажурирани и Еуровизиф не презема одговорност да ги актуелизира. Можно е дел од информација објавена на Веб страницата да биде поврзана со друг производ, услуги или програми кои не се достапни во моментот.
Купувачот има право да купува производи и услуги понудени од Еуровизиф. Кога прави нарачка, купувачот може да избере производ, количина, услови на испорака според можностите понудени на Веб страницата. Купувачот може да го смени избраниот производ и услуги во било кое време пред да го реализира плаќањето. Кога прави нарачка на Веб страницата, купувачот склопува договор со “Еуровизиф”, што се однесува на одредена точка, рокови и услови. Купувањето се финализира по поднесувањето на согласнос со упатствата на веб страницата. Teхномаркет го задржува правото да ги менува цените по сопствена волја, во секое време, без известување на купувачите. Купувачот е обврзан да ја плати цената кој била понудена на веб страницата кога било направено купувањето, без разлика на фактот дека тековната цена може да биде пониска или повисока. Во случај на технички проблеми на објавување на Веб страницата, Еуровизиф има право да го одбие комплетирањето на постапката за купување и нема да му должи рефундирање на купувачот на било каков начин, освен враќање на парите платени од купувачот до тековниот момент.
Испораката на купените производи ќе биде направена според начинот и условите избрани од Купувачот. Еуровизиф го задржува правото да го продолжи периодот на испорака не повеќе од 7 дена без да го извести купувачот, и повеќе од 7 дена со договор со купувачот. Teхномаркет има право да го смени под-испорачателот кој ќе ја прави испораката без да го извести купувачот, сè додека важат истите услови и правила. Цената за испорака е 300,00 ден. до било кое место на територијата на Република Македонија, независно од видот на стоката и бројот на продуктите во една порачка. Испораката е до влезот на зградата, куќата на адресата наведена во порачката.
Кога Купувачот ќе изврши банкарски трансфер, тој е обврзан да префрли износ еднаков на цената на купениот производ на сметка на “Еуровизиф”, наведено на генерираната фактура, и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака. Во случај кога купувачот ги враќа делумно или целосно купените производи не повеќе од една недела од датумот на испорака, Еуровизиф е обврзан да му ги врати парите делумно или целосно на купувачот. Во случај кога купувачот не ги враќа производите, Еуровизиф автоматски го прифаќа депозитот како плаќање на производите или услугите.Кога Купувачот плаќа преку виртуелна точка на продажба (ПОС) терминал, тој е обврзан да префрли полн износ еднаков на цената на производот преку ПОС апаратот, и веднаш откако ќе биде потврдена уплатата, ќе се активира постапката за испорака. Во случај кога купувачот ги враќа делумно или целосно купените производи не повеќе од една недела од датумот на испорака, Еуровизиф е обврзан да му ги врати парите делумно или целосно на купувачот. Во случај кога купувачот не ги враќа производите, Еуровизиф автоматски го прифаќа депозитот како плаќање на производите или услугите.
Купувачот има право да врати еден или повеќе купени производи во период од 8 дена од датумот на испорака, со тоа што производот ќе биде во иста физичка состојба во која бил испорачан. Ако бил спакуван – амбалажата не смее да се отвара или оштети (пакетот со испорачаниот предмет може да се отвори) и сите етикети и ознаки чија намера е да покажат дека производот не е користен, не се оштетени.
Секој купен производ е под гаранција на Еуровизиф со издавање на гарантна изјава со датум и гарантни услови за производот.Гаранцијата ја губи важноста:a) Кога ќе ја загубите гарантната изјава; б) Кога има обид за поправка на производот од неовластен сервисен центар од Еуровизиф; в) Кога има оштетувања предизвикани од неправилна употреба;г) Кога е оштетен физичкиот изглед на производот;д) Ако има хемиско, електрично или друг вид на влијание врз производот, кој не е поврзан со начинот на правилна употреба на уредот.Гаранцијата не ги покрива компонентите на производот кои имаат ограничен рок на траење (батерии, додатоци, и сл.). Гарантните услуги се даваат во овластени центри, само во случај на целосна документација поврзана со производот и со сите негови карактеристики. Производите и услугите на оваа Веб страница се лимитирани само со условите наведени за нив, без да се обезбедат други гаранции, вклучувајќи комерцијални гаранции. Одговорностите на Еуровизиф поврзани со производите и услугите понудени на веб страницата зависат од соодветните договори со увозниците и/или дистрибутерите на производите и ништо на оваа Веб страница нема да влијае на нив.
Teхномаркет го задржува правото да ја смени технологијата и дизајнот на понудените услуги без претходна најава. Teхномаркет го задржува правото да испрати пораки и известувања до купувачите во врска со новите услуги, промоции, или други поврзани услови и правила на постоечките услуги. Teхномаркет ја уредува оваа Веб страница од неговите канцеларии во Скопје, Македонија. Еуровизиф не изјавува дека материјалите или услугите на оваа Веб страница се соодветни или достапни надвор од Македонија, и дали пристапот до нив од други региони е забранет или незаконски.Teхнички консултации се достапни преку Интернет на Веб страницата, или по телефон: од 9:00 до 17:00, од Понеделник до Петок. Тековните услови и правила можат да се обноват во било кое време без известување на Корисниците. Еуровизиф не презема одговорност ако Корисникот не ги прочитал важечките Услови и Правила. Кога користи услуги од Еуровизиф, корисникот е обврзан да ги почитува важечките услови и правила како и други услови, одредени од страна на законодавството на Република Македонија и меѓународното законодавство, дури и ако тие не се споменати во тековните услови.
КУПУВАЧОТ СЕ СОГЛАСУВА СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ НА Еуровизиф СО КЛИКАЊЕ НА СЕКОЈ ОБЈЕКТ, ЛИНК ИЛИ КОПЧЕ КОЕ СЕ НАОЃА НА ВЕБ СТРАНИЦАТА НА Еуровизиф (ОСВЕН ЛИНКОТ ЗА ТЕКОВНИТЕ УСЛОВИ И ПРАВИЛА), И ДЕКА Е ЗАПОЗНАЕН СО ОВИЕ УСЛОВИ, ГИ ПРИФАЌА И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА.
Еуровизиф Македонија, 1000 Скопје, Борис Трајковски 214а,
Број за контакт: +389 76-488-300